Во рок од само 24 часа, повеќе од 100.000 хектари земјиште изгореа во пожарите што беснеат низ Грција, јавува „Катимерини“. Огнената стихија се прошири на островите Хиос и Закинтос, како и во Превеза на северозапад и Долна Ахаја на запад од земјата.
Сателитските податоци од европскиот механизам „Коперникус ЕМС“, анализирани од грчкиот Метео, покажуваат дека на Хиос се уништени околу 42.466 хектари, на Закинтос 22.941 хектар, во Превеза 26.368 хектари, а во Долна Ахаја 9.220 хектари.
Научниците предупредуваат дека Грција, заедно со другите медитерански држави, е во зоната на најголем ризик од шумски пожари поради високите температури и продолжените сушни периоди во летните месеци.