По немирната ноќ во Нови Сад, во која дојде до судири помеѓу граѓани и поддржувачи на Српската напредна странка (СНС), голем број автомобили беа оштетени во близина на просториите на партијата на Булеварот на ослободувањето. Според извештаите, најмногу страдаа возилата паркирани кај детската градинка „Палчица“ на улицата Бранимира Ќосиќ и на околните улици.
Сведоци велат дека хулигани вооружени со палки и летви кршеле стакла, оштетувале каросерии и ваделе делови од автомобилите. Некои возила биле отстранети со „пајак“, но поголемиот дел останале на местото и утредента.
Паралелно, на Мостот на слободата биле забележани бројни автомобили со покриени регистарски таблички. Судирите се прошириле и пред просториите на СНС на улицата Стражиловска, каде од внатре биле фрлани пиротехнички средства, а демонстрантите возвратиле со предмети, предизвикувајќи дополнителна штета.
На терен биле забележани групи насилници кои напаѓале граѓани, а на социјалните мрежи се појавија снимки од маж со пиштол. Полицијата поголем дел од вечерта не била присутна во доволен број за да ги спречи инцидентите.
Според претседателот Александар Вучиќ, во немирите биле повредени околу 60 лица.
Извор: 021.rs