УТРО.мк

Рускиот авион слета во Алјаска пред историската средба Путин – Трамп

Рускиот авион слета во Алјаска пред историската средба Путин – Трамп
Vero

Рускиот државен авион слета на меѓународниот аеродром во Анкориџ, Алјаска, пред утрешниот самит меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп. Средбата е закажана за утре во 11:30 часот по локално време во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон.

Авионот полета од Москва во 7:50 часот по локално време и влезе во американскиот воздушен простор околу 5:15 часот, пренесува Flightradar24. Во него се наоѓала руска делегација, но засега не е јасно дали Путин е во авионот.

Според извори од американските медиуми, летот е планиран така што авионот да мине преку Беринговиот теснец, избегнувајќи премин на меѓународни води и директно влегување во американскиот воздушен простор од рускиот. За американскиот претседател Доналд Трамп организацијата на патувањето е формалност, а тој пристигна во Анкориџ рано утринава.

Самитот е најавен како можност за директен разговор „еден на еден“ и е првата лична средба меѓу Путин и Трамп по десет години, откако американскиот лидер ја презеде функцијата на 20 јануари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран