Претседателите на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин, ќе се сретнат во петок во Алјаска, а медиумите открија детали за подготовките на нивното пристигнување.
Трамп ќе отпатува од Вашингтон доцна во четврток навечер и ќе пристигне во Анкориџ во петок наутро. Организацијата на патувањето за американскиот претседател е формална, додека руската страна мора внимателно да го испланира секој чекор. Поради потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд, авионот на Путин ќе лета преку Беринговиот теснец за да се избегне преминување на меѓународни води и да влезе директно во американскиот воздушен простор од рускиот.
Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) ќе затвори дел од небото над Алјаска за да овозможи безбедно и непречено пристигнување на рускиот претседател.
Самитот во најголемиот град во Алјаска е првата посета на Путин на САД по десет години и неговата прва средба со Трамп откако американскиот лидер ја презеде функцијата на 20 јануари. Администрацијата на Трамп го претстави состанокот како можен пробив во мировниот процес, иако украинските и европските претставници остануваат претпазливи. Самиот Трамп го опиша состанокот како „средба за проценка“ на подготвеноста на Русија за мир.