Утрово околу 150 лица беа евакуирани од подрумот и приземјето на болницата „Сент Гајс и Томас“ во центарот на Лондон по пријава за истекување на опасна хемикалија, објави „Дејли меил“.
Пожарникарите на Лондонската противпожарна бригада реагирале веднаш по повикот во 8:49 часот и се упатиле кон местото на настанот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат постари лица и лица со патерици како се изнесуваат од зградата, додека персоналот на болницата стоел покрај амбулантни возила, набљудувајќи ја ситуацијата.
Главниот влез на болницата бил блокиран со жолта лента, а екипи од противпожарни станици од Вајтчепел, Дугејт, Јустон и околните области биле испратени за помош. На лице место се наоѓале две противпожарни возила, две единици за спасување, командна единица и специјалисти за опасни материјали.
Екипите работеле на вентилација и обезбедување на зградата додека продолжува проценка на ризикот. Лондонската противпожарна бригада и службата за брза помош се во координација за целосно справување со инцидентот.