УТРО.мк

Тетовец пријавил измама: Дал 1.000 евра, мајсторот исчезнал

Тетовец пријавил измама: Дал 1.000 евра, мајсторот исчезнал
Vero

На 12.08.2025 во 17:00 часот  во СВР Тетово, 44-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице од друго тетовско село за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, откако лицето им направило и наместило дел од нарачаните собни врати, неговата сопруга во април 2024 година му ги дала парите и се договориле другиот дел од парите да му ги даде кога ќе ја заврши работата. Но, до денот на пријавувањето, тој не ја завршил работата, ниту пак ги вратил парите. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.  

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран