УТРО.мк

Трамп најави можен втор состанок со Путин и Зеленски, предупреди на последици за Русија

Трамп најави можен втор состанок со Путин и Зеленски, предупреди на последици за Русија
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави по денешниот состанок со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски дека разговорот бил „многу добар“ и го оцени како „чиста десетка – многу, многу пријателски“.

Трамп потсети дека добро ги познава европските лидери и истакна дека за време на неговиот мандат во НАТО го зголемил придонесот на членките од „2% неплатено на 5% платено, што значи билиони долари во одбранбени капацитети“.

Тој нагласи дека од почетокот планот бил прво да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа со претседателот Зеленски и другите лидери. Трамп најави дека постои „многу добра шанса“ за втор состанок кој би можел да биде поефективен од првиот, со цел потенцијално постигнување апсолутно решение за конфликтот во Украина.

„Првиот состанок е исклучително важен бидејќи ги поставува темелите за вториот. Ако првиот помине добро, речиси веднаш ќе организираме втор состанок помеѓу претседателот Путин, претседателот Зеленски и мене – ако сакаат да бидам таму“, рече Трамп.

На прашањето за можните последици за Русија доколку не се согласи на прекин на војната, Трамп предупреди: „Да, ќе има.“ Додаде дека мерките ќе бидат многу сериозни, иако не прецизираше за кои точно дејства станува збор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран