Трамп: Следната средба на Путин и Зеленски е поважна од денешната во Алјаска
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска има за цел подготовка за можна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која, според него, ќе биде поважна.
„Сè што сакам е да ја „поставам масата“ за следната средба, која треба да се случи наскоро. Би сакал тоа да се случи многу брзо“, рече Трамп.
Тој додаде дека би сакал можната средба меѓу Путин и Зеленски да се одржи исто така во Алјаска и изрази уверување дека двете страни ќе успеат да постигнат мир.