УТРО.мк

Трамп му се јавил на Столтенберг со најнеочекуваното барање досега – еве какво прашање поставил американскиот претседател

Трамп му се јавил на Столтенберг со најнеочекуваното барање досега – еве какво прашање поставил американскиот претседател
Vero

„Ало, Нобел?“ – Трамп и повикот што го изненади Столтенберг среде прошетка во Осло

Доналд Трамп повторно го отвори прашањето за Нобеловата награда за мир – овојпат со директен телефонски повик кој го затекнал соговорникот во сосема неформална ситуација.

Минатиот месец, американскиот претседател, „од никаде“, се јавил на норвешкиот министер за финансии Јенс Столтенберг, прашувајќи го за можноста да биде номиниран за престижното признание. Според норвешките медиуми, повикот се случил додека Столтенберг се шетал низ улиците на Осло, а разговорот, покрај темата за Нобеловата награда, се проширил и на прашања за царините и економската соработка.

Ова не било прво вакво обраќање од страна на Трамп. Поранешниот генерален секретар на НАТО потврди дека разговарале и за други теми, но одлучи да не ги открива деталите.

Трамп, повикувајќи се на своите дипломатски успеси, инсистира да остане запаметен како миротворец – потсетувајќи на својата улога во завршувањето на краткиот вооружен судир меѓу Камбоџа и Тајланд, како и во посредувањето при потпишувањето на мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан.

Иако повеќепати изразил незадоволство што не ја добил Нобеловата награда, Трамп смета дека неговите чекори во случаи како Русија–Украина и Израел–Иран се доволни за такво признание. „Најважно е луѓето да знаат што направив, без разлика дали постои официјална награда или не“, изјавил тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран