Општина Битола вложи 1.722.600 денари за подобрување на условите во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“.

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, заедно со директорката на училиштето, Билјана Јанкуловска, извршија увид во завршените проекти финансирани од општинскиот буџет. Инвестициите опфатија реконструкција на училници во подрумскиот простор, набавка на нови училишни клупи и столчиња, мебел за кабинети, како и целосно опремување на центарот за професионален развој и обука.

Димитровски нагласи дека ваквите проекти се дел од континуираните напори на Општина Битола за создавање подобри услови за образование и практична настава на учениците.