УТРО.мк

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога
Vero

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода. По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран