УТРО.мк

Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора

Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора
Vero

Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора

Црногорската полиција го осомничи 18-годишниот Андреј Танасковски, државјанин на Северна Македонија, за обид за убиство на 56-годишниот Марко Љубиша – Кан, висок член на криминалната група од Будва поврзана со „Шкаљарскиот клан“. Настанот се случил на 7 август во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, кога осомничениот испукал два проектили во правец на Љубиша, кој добил повреди во главата, но по укажана помош бил пуштен на домашно лекување.

Според полицијата, Танасковски престојувал во хотелот со фалсификувана српска лична карта. Против него е поднесена кривична пријава за обид за убиство, недозволено поседување оружје и фалсификување исправа.

Осомничениот е во бегство, а по него е распишана национална потерница. Полицијата продолжува со истрагата и работи на идентификување на можни соучесници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран