ОВЕН
Интересен ден на работа – околностите ви одат во прилог, а некој ќе се појави како посредник меѓу вас и влијателна личност. Во љубовта владее хармонија – вие сте целосно посветени на партнерот, а тој на вас.
БИК
Расположението ви се менува, па тешко ќе ја задржите концентрацијата на обврските. Мислите ви се повеќе насочени кон љубовта – сакате да му посветите внимание на вашиот партнер и да расчистите некои ситници што ве оптоваруваат.
БЛИЗНАЦИ
Денес ве очекува неочекуван прилив на работа, иако мислевте дека сè е завршено. Можно е да станува збор за документи или бирократски работи. Во попладневните часови ќе почувствувате замор, па тешко ќе се натерате на состаноци или дружења.
РАК
Имате потреба да ги одложите обврските и да се посветите на себе, но и на пријателите. Попладнето и вечерта носат добра забава и позитивна енергија, иако ќе ви недостига малку време за саканата личност. Сепак, ќе уживате во секој момент.
ЛАВ
Ќе мора внимателно да ги балансирате деловните и личните обврски, бидејќи се испреплетуваат. Со добра организација ќе успеете да го задржите темпото. Во љубовта – одличен ден за нови средби и флерт, особено за оние што се слободни.
ДЕВИЦА
Денес ќе се обидувате да стигнете насекаде – и во деловниот, и во приватниот сегмент. Ќе покажете одлична организација и разбирање за блиските, а партнерот ќе го цени тоа. Ден со многу активности, но и со задоволство.
ВАГА
Заморот од претходните денови сега излегува на површина. Потрудете се да се опуштите и не преземајте премногу обврски. Можно е да направите пропуст ако брзате. Вечерта ќе ви пријде мирна атмосфера со саканата личност – токму тоа ви треба.
ШКОРПИЈА
Плановите конечно се движат во вистинска насока и сè оди според вашите замисли. Работниот ден ќе биде продуктивен, но и напорен. Иако ќе бидете исцрпени, ќе сакате вечерта да ја поминете во друштво со пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Работата бара внимание, но и домашните обврски ве притискаат. Не мешајте ги едните со другите, за да не настане хаос. Одвојте време за одмор – најдобро во пријатно друштво на партнерот или блиска личност.
ЈАРЕЦ
Планирате романтична средба со партнерот или со некој што ве привлекува, но ненадејните деловни обврски би можеле да ви го променат распоредот. Обидете се да го усогласите времето – искрената желба ќе ви помогне да успеете.
ВОДОЛИЈА
Деловните задачи ќе ги завршите брзо и ефикасно, а потоа ќе посакате одмор. Ако можете, работете од дома и посветете се на релаксација. Денеска ви годи мир, удобност и блискост со саканата личност.
РИБИ
Овој ден носи добра комуникација и можности за договори со колеги, но прашање е дали ќе сакате да се фокусирате исклучиво на работа. Повеќе ќе уживате во разговорите и дружењето со блиските. Љубовта и пријателството ќе го обојат денот.























