12-годишно дете било нападнато и избодено со остар предмет во скопски Центар, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 15:50 часот, кога Г.М. (39) од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од лице со иницијали Б.Љ. Напаѓачот, според пријавата, по вербална расправија му нанел расекотина со остар предмет и му го оштетил велосипедот.
Детето било итно пренесено во болница, каде му била укажана медицинска помош, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.























