Денеска утринава, на 12 ноември 2025 година, во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 24-годишник од Охрид.
Приведувањето следувало по претходна пријава дека тој физички ја нападнал својата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.























