УТРО.мк

НАСА тестира нова траекторија за роботизираните мисии на Марс

НАСА тестира нова траекторија за роботизираните мисии на Марс
Vero

Американската вселенска агенција НАСА наскоро ќе испрати две роботизирани вселенски летала на Марс како дел од мисијата „Ескапејд“. Наместо традиционалната патека за ефикасна потрошувачка на гориво, леталата ќе тргнат по нова траекторија што прво ги води околу стабилна точка помеѓу Земјата и Сонцето, ќе талкаат една година, а потоа ќе се вратат кон Земјата пред да продолжат кон Марс.

Овој иновативен пристап стана неопходен по двете претходни одложувања на лансирањата и може да послужи како модел за идни човечки мисии кога ќе треба да се лансираат повеќе вселенски летала во краток период. „Ескапејд“ ќе полета на 9 ноември со ракетата „Њу Глен“ на „Блу ориџин“ од Кејп Канаверал, Флорида.

Главната цел на мисијата е да ја испита загубата на атмосферата на Марс под влијание на сончевото зрачење. Планетата некогаш имала погуста атмосфера, способна да поддржи живот, но со текот на милијарди години таа се претворила во сува пустина.

Мисијата е првата планетарна експедиција на НАСА предводена од Калифорнискиот универзитет „Беркли“, кој го дизајнираше научниот инструментариум и ќе управува со леталото од својот контролен центар. Со буџет од 80 милиони долари, „Ескапејд“ е дел од програмата „Мали иновативни мисии за планетарно истражување“, а двојните сонди ги изгради „Рокет лаб“ за 57 милиони долари за само 3,5 години, што е значително поевтино од стандардните мисии на НАСА.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран