Во Србија се произведува едно од најскапите сирења во светот – „пуле“, кое се добива од реткото магарешко млеко. Едно магаре произведува само 15 до 20 литри млеко годишно, а за килограм сирење се потребни дури 25 литри, што ја објаснува цената од околу 1.200 евра за килограм.
Само еден литар магарешко млеко чини околу 50 евра. Тоа е богато со витамин Ц и особено ценето во зимскиот период поради своите лековити својства. Магарешкото млеко, покрај храната, се користи и во козметиката за производство на природни креми, сапуни и лосиони, кои се извезуваат низ целиот свет.
Магарето, некогаш сметано за тврдоглаво животно, денес се покажа како вистинско богатство за српското сточарство. Во Србија има нешто повеќе од илјада магаришта, а автохтоната раса балкански магариња се одгледува особено внимателно во резерватот Засавица.























