Широк Сокак вчера не беше само улица – беше сцена на живата традиција. Во Битола, со алпски рогови, зурли, тапани, раскошни носии и нескротлива енергија, започна еден од најголемите светски фестивали на фолклор – „Илинденски денови“, сертифициран од CIOFF International.

Во срцето на Битола, меѓу луѓето и под летното сонце, дефилето на околу 1.300 учесници од сите страни на светот ја претвори улицата во фолклорна сцена што зборува со јазикот на културното наследство. Звуците на традиционалните инструменти и боите на народните носии ги воодушевија посетителите, додека фотографката Кети Талевска Бакревска повторно успеа да фати моменти полни со срце и дух – уште една галерија што сведочи за величието на фестивалот.

Ова е само почетокот. Фестивалот „Илинденски денови“ ќе продолжи со уште многу настани, концерти и настапи кои ја слават културната разновидност и ја носат Битола на мапата на најзначајните фолклорни дестинации во светот.

Галеријата со прекрасни фотографии може да ја погледнете тука