УТРО.мк

Бесплатен скрининг за заболувања на црниот дроб во 10 градови низ земјата

Бесплатен скрининг за заболувања на црниот дроб во 10 градови низ земјата
Vero

Министерството за здравство, во соработка со Хепар Центар – Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, започна национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц, ХИВ, како и еластографија за рано откривање на хронични заболувања на црниот дроб.

Кампањата стартува денеска, на Светскиот ден за борба против хепатитисот, со поставување на мобилна единица на плоштад „Македонија“ во Скопје, каде од 10 до 13 часот граѓаните можат да се тестираат бесплатно и анонимно.

Покрај Скопје, мобилните пунктови ќе бидат поставени и во уште девет градови низ државата, според следниот распоред:

28 јули:  Скопје: 10:00–13:00  Куманово: 18:00–20:30 30 јули:  Тетово: 10:00–12:30  Гостивар: 18:00–20:30 1 август:  Струга: 10:00–12:30  Охрид: 18:00–20:30 4 август:  Битола: 10:00–12:30  Прилеп: 18:00–20:30 6 август:  Штип: 10:00–12:30  Гевгелија: 18:00–20:30

Целта на кампањата е да се подигне свесноста за сериозноста на болестите на црниот дроб, како што се хепатитисот, црнодробниот карцином, замастувањето на црниот дроб (алкохолно и неалкохолно), цирозата, како и ретките црнодробни болести.

Организаторите упатуваат апел до граѓаните да ја искористат оваа можност за рана детекција и заштита на сопственото здравје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран