УТРО.мк

Широк Сокак во ритамот на светот: Фолклорна магија на стартот на 55. „Илинденски денови“ во Битола

Широк Сокак во ритамот на светот: Фолклорна магија на стартот на 55. „Илинденски денови“ во Битола
Vero

Со зурли, тапани, носии и безрезервна љубов кон традицијата, вчера Широк Сокак се претвори во сцена под отворено небо. Со дефиле и колоритна фолклорна енергија започна 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“ – еден од најголемите и најпрестижни фестивали на фолклор во светот, под покровителство на CIOFF International.

Битола, градот на конзулите, повторно стана крстосница на културите. Повеќе од 1.300 учесници од различни делови на светот продефилираа низ центарот на градот, носејќи ја магијата на својата традиција, обединети во заедничкиот јазик на танцот, музиката и костимите.

Фестивалот годинава го носи слоганот „Боја и срце“, а токму тоа го почувствуваа и бројните граѓани и туристи кои го исполнија Широк Сокак — улицата што за неколку часа стана сцена, публика и празник.

Фотографот Диоген Хаџи Коста Милевски ја овековечи атмосферата со првата фотогалерија од настанот, а следуваат уште многу моменти од фестивалот кој продолжува да го слави светското богатство на нематеријалното културно наследство.

Галеријата со фотографии може да ја погледнете тука

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран