УТРО.мк

Заштедите на граѓаните во банките растат – Македонија го дочекува Денот на штедењето со импресивни бројки

Заштедите на граѓаните во банките растат – Македонија го дочекува Денот на штедењето со импресивни бројки
Vero

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на штедењето – 31 октомври, Народната банка, Министерството за финансии и банките во земјава имаат повеќе од добра причина за задоволство. Податоците покажуваат дека довербата во граѓаните во банкарскиот систем и навиката за штедење се на уште повисоко ниво.

Заштедите на граѓаните се доближуваат до импресивни 7 милијарди евра, што претставува годишен раст од 13,6%, резултат што зборува за стабилноста на финансискиот систем, но и за зголемената свест на населението кога станува збор за нивната финансиска сигурност.

Иако постојат и други финансиски инструменти кои нудат поголем принос, Македонците очигледно најмногу им веруваат на банките. Оваа доверба дополнително ја потврдува и фактот дека се поголем дел од заштедите се во денари, што е знак на растечка доверба во домашната валута.

Во пресрет на денот што го слави штедењето како вредност и навика, Македонија може да се пофали со раст не само на депозитите, туку и на финансиската свесност – дека секој заштеден денар претставува чекор кон лична и економска стабилност.

А, кога станува збор за заштедите, македонските домаќинства за девет месеци оваа година, односно до септември успеале да заштедат 421 милион евра (скоро 26 милијарди денари), што најмногу се должи дефинитивно на зголемените плати и многу веројатно на заработените пари од работа во странство.

Народната банка на Македонија во најновиот извештај за монетарните движења во земјата, заклучно со септември, објави дека „вкупните депозити забележаа месечен раст од 0,3%, во целост поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени. На годишна основа, растот изнесува 13,2% и се должи на растот на депозитите на двата сектора, кој пак поизразен кај секторот „домаќинства“. На годишна основа, паричната маса бележи раст за 13,5%, пред се поради растот на депозитните пари и на краткорочните депозити, при помал раст и на останатите компоненти“.

Извор: НБРМ

Целиот текст со може да го прочитате на Pari.com.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран