УТРО.мк

Мицкоски и Стармер со тет-а-тет средба во Лондон: Поддршка за европскиот пат и економска соработка

Мицкоски и Стармер со тет-а-тет средба во Лондон: Поддршка за европскиот пат и економска соработка
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи македонската владина делегација на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Лондон, оствари тет-а-тет средба со британскиот премиер Кир Стармер.

Како што соопшти Мицкоски, разговорот бил фокусиран на унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, поддршката на Обединетото Кралство за европската перспектива на регионот, како и на можностите за продлабочување на економската соработка.

„Со премиерот Стармер разговаравме за зајакнување на партнерството меѓу нашите земји и за конкретни иницијативи што ќе придонесат за стабилност и развој на Западен Балкан“, наведе Мицкоски.

Средбата се одржа на маргините на Самитот, кој обединува лидери од регионот и од Европската унија со цел поттикнување на интеграциите и економската поврзаност на земјите од Западен Балкан.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран