УТРО.мк

Подгответе се за променливо време: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Подгответе се за променливо време: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период
Vero

Под влијание на јужно и на југозападно струење на висина кое ќе услови прилив на значително потопол воздух и натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината температурите во деновите кои што се пред нас на многу места ќе се искачуваат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминуваат и 20 степени. И во Скопје и околината во деновите кои што се пред нас температурата ќе надминува 20 степени.

Особено во петок (24 октомври) ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. И во Скопје ви околината во петок (24 октомври) ќе дува засилен повремено силен ветер од југозападен правец.

Времето деновиве ќе биде многу променливо со повремени локални врнежи од дожд. И во Скопје и околината до крајот на оваа недела ќе имаме многу променливо време со повремен локален дожд.

Се на се, пред нас е незгодна топлина и спарина и тоа поради изразеното јужно и југозападно струење на висина. Токму ова особено негативно ќе влијае врз метеопатите каде очекувам деновиве тие да почувствуваат значителни здравствени проблеми.

МетеоАларм

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран