УТРО.мк

Русија изведе воена вежба на стратешките нуклеарни сили

Русија изведе воена вежба на стратешките нуклеарни сили
Vero

Кремљ соопшти дека денеска е извршено пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“ од полигонот Плесецк, северозападна Русија. Истовремено, од подморница во Баренцово Море беше лансирана интерконтиненталната балистичка ракета „Синева“.

Во вежбата учествуваа и стратешките бомбардери Ту-95, кои истрелуваа крстосувачки ракети со долг дострел. Кремљ истакнува дека во рамки на вежбата биле проверени и вештините на воените командни структури.

Воената активност следи откако беше одложен самитот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, што дополнително ја истакнува важноста на проверката на стратешките сили на Москва.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран