УТРО.мк

„Мерцедес“ со масовна програма за доброволни отпуштања – до 500.000 евра за заминување од компанијата

„Мерцедес“ со масовна програма за доброволни отпуштања – до 500.000 евра за заминување од компанијата
Vero

Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес-Бенц“ спроведува една од најголемите програми за доброволно отпуштање во својата историја, со цел да ги намали трошоците во рамки на повеќегодишниот план за штедење.

Според германскиот „Ханделсблат“, околу 4.000 вработени веќе ја напуштиле компанијата – повеќе од очекуваното од менаџментот. Планот предвидува заштеда од околу пет милијарди евра до 2027 година, од кои една милијарда треба да се постигне со намалување на трошоците за работна сила.

Мерките се однесуваат главно на административниот и инженерски кадар, како и на ИТ-секторот – односно на вработените кои не се директно вклучени во производството.

Поради важечкиот договор за забрана на отпуштања во Германија до 2034 година, „Мерцедес“ мора да понуди дарежливи отпремнини за да ги поттикне доброволните заминувања. Дури 40.000 вработени добиле таква понуда, а некои пакети достигнуваат и до 500.000 евра. Така, на пример, 55-годишен менаџер со месечна плата од 9.000 евра може да добие половина милион евра при напуштање на компанијата.

Од компанијата тврдат дека програмата не претставува кратење работни места, туку дел од процесот на трансформација кон поефикасна и модерна организација. Паралелно се инвестира и во преквалификација на кадарот за „работни места на иднината“.

Во рамки на стратегијата за оптимизација, „Мерцедес“ планира да го прошири производството во унгарскиот град Кечкемет, каде што трошоците се за 70% пониски отколку во Германија. Во фабриката во Синделфинген, пак, производството на моделите од класата S и EQS е сведено на само една смена.

Германската автомобилска индустрија во целина се соочува со намалување на бројот на вработени – само во последните две години се изгубени повеќе од 55.000 работни места. „Бош“ планира да укине 22.000 позиции, „ZF“ околу 14.000, додека „Фолксваген“ најави намалување на 35.000 вработени до 2030 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран