Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување поради инцидент што се случи денеска пред српскиот парламент. Како што објави Амбасадата на мрежата X, дошло до пукање во кое биле повредени непознат број луѓе, а потоа избувнал пожар во Пионирскиот парк, во близина на улицата пред парламентот.
„Во овој момент, инцидентот се чини дека е локализиран и нема познати закани за американските граѓани. Амбасадата им советува на сите американски граѓани да ја избегнуваат областа“, се наведува во соопштението.
Според информации од местото на настанот, неколку шатори поставени од поддржувачи на владејачката партија на платото пред парламентот се запалиле околу 10 часот наутро. На пожарот претходел инцидент во кој еден маж бил ранет, а друг бил уапсен за нападот. Пожарот подоцна бил локализиран, а полицијата продолжува со истражување на случајот.