УТРО.мк

ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето, одлуката е кај земјите членки

ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето, одлуката е кај земјите членки
Vero

Европската комисија се уште го поддржува предлогот за укинување на сезонската промена на времето, но конечната одлука зависи од согласноста на земјите членки на ЕУ, изјави портпаролката на Комисијата, Итконен.

„Веруваме дека сè уште постои можност да се најде усогласено решение за ова. Земјите членки мора да се координираат и да се договорат меѓу себе. Свесни сме дека од 2019 година нема значителен напредок по ова прашање, но сме подготвени да поддржиме донесување каква било одлука“, рече Итконен.

Таа додаде дека ЕК спровела повеќе студии за ефектите од менувањето на времето и е подготвена да обезбеди помош и поддршка при донесувањето на конечната одлука.

„Но, сега топката е на теренот на земјите членки, и само тие можат да најдат заеднички став. До следниот клучен момент, овој викенд, сепак, повторно ќе го смениме времето на часовниците“, заклучи Итконен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран