
(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за електронски комуникации (АЕК), со што се означува почетокот на долгорочна стратешка инвестиција во екосистемот за поврзаност на Северна Македонија.

На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за електронски комуникации, менаџментот на One Macedonia, како и претставници на националните медиуми. Овој значаен чекор следува по успешно завршената постапка за доделување на радиофреквенцискиот спектар.
Пал Заранди, претседател на одборот на директори на One Macedonia и директор за мобилна стратегија во 4iG Групацијата, ја нагласи пошироката визија зад влезот на компанијата на овој пазар: „Ова не е само лансирање на уште една телекомуникациска компанија. За нас, влегувањето во Северна Македонија претставувастратешко проширување на нашето присуство низ целиот Западен Балкан, регион кој е клучен за нашиот долгорочен раст. Северна Македонија игра важна улога во нашите пошироки амбиции за дигитална инфраструктура. Проектот за подморски кабел Албанија-Египет и поврзаниот проект „Балкански столб“, кој е поддржан од Европската комисија, отвора нов стратешки дигитален коридор помеѓу Европа и Африка. Географската и стратешката положба на Северна Македонија природно ја прави точка за проширување за оваа инфраструктура, зајакнувајќи ја релевантноста на земјата во регионалната и континенталната поврзаност на податоци. Оваа земја ќе служи како клучен јазол во регионалниот екосистем на податоци“. Тој додаде дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија е релевантна не само економски, туку и геополитички. „Нашите проширувачки одбранбени и сателитски капацитети наоѓаат силна основа тука, а со градење на робусно, безбедно телекомуникацископрисуство, поставуваме темели за поширока соработка во критичните технологии. Ова е ретка можност да се изгради национален оператор од нула, со најнапредни алатки, но исто така и да се обликува корпоративна култура насочена кон потрошувачите, агилна и транспарентна од првиот ден“, изјави Заранди.

Компанијата планира да инвестира до 100 милиони евра во изградба и развој на мрежата, вклучително и во инфраструктура, отворање нови работни места, обуки, како и долгорочна соработка со домашни ИКТ-компании.
„Ние не влегуваме на пазарот само за да се натпреваруваме, туку за да дадеме конкретен придонес. One Macedonia претставува нов почеток за телекомуникациите во земјата. Без наследена инфраструктура, имаме можност работите да ги поставиме поинаку, односно поефикасно, побрзо и побезбедно. Нашата визија е да станеме доверлив дигитален столб на Северна Македонија, инклузивен, безбеден и отпорен. Оваа лиценца е нашата почетна точка, но вистинската работа започнува сега“, изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на One Macedonia.
Со почетна инвестиција за лиценцата, повеќе од 8 милиони евра, One Macedonia ја потврдува својата посветеност на долгорочен развој и градење локални партнерства, целосно усогласени со безбедносните и регулаторните рамки на Европска Унија. Компанијата работи врз принципи на транспарентност, иновации и заштита на јавниот интерес, со цел да ја поддржи дигиталната трансформација на државата и да создаде трајна вредност за граѓаните, институциите и економијата.
Директорот на Агенција за електронски комуникации (АЕК), Јетон Акику, ја истакна важноста на одлуката од аспект на развојот на пазарот и јавниот интерес:„Доделувањето на лиценцата денес претставува клучен момент во дигиталниот развој на Северна Македонија. Го отвораме пазарот за нова конкуренција, притоа целосно усогласени со европските стандарди. One Macedoniaвнесува нова динамика и сериозна стратешка посветеност. Веруваме дека овој чекор ќе придонесе за подобри услуги, многу иновации и побезбедна инфраструктура за граѓаните. АЕК ќе продолжи да обезбедува стабилна регулаторна рамка за поддршка на долгорочни инвестиции и соработка.“
Церемонијата заврши со заедничко изразена определба за поддршка на конкурентен и одржлив развој на телекомуникацискиот сектор во земјата.
За One Macedonia
One Macedonia е најновиот мобилен оператор во Северна Македонија, основан со цел изградба на безбедна дигитална мрежа со висок капацитет и долгорочна одржливост. Компанијата е во целосна сопственост на 4iG Групација, една од најбрзорастечките технолошки и инфраструктурни компании во Централна и Источна Европа. One Macedonia започнува со лансирање на мобилна мрежа од следната генерација 5G Standalone (SA), базирана на европски стандарди и со користење доверливи добавувачи, како што е Ericsson.
За 4iG Групација



























