УТРО.мк

Божиновска: Без стручно образование нема стабилен енергетски систем

Божиновска: Без стручно образование нема стабилен енергетски систем
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во енергетскиот сектор.

Божиновска истакна дека современите лаборатории и практичната настава се клучни за подготовка на квалитетни кадри, нагласувајќи дека токму вакви млади луѓе ѝ се потребни на државата за да обезбеди стабилен, модерен и одржлив енергетски систем.

„Енергетската транзиција не се случува сама од себе. Таа почнува во училниците, со знаење, со стручно образование и со млади кадри подготвени да ја носат одговорноста утре“, порача министерката.

Таа додаде дека Министерството активно вложува во поврзување на образованието со реалните потреби на енергетиката, преку директна комуникација со учениците и поддршка на стручното образование.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран