
Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.



























