УТРО.мк

Тешко повреден работник во фабричка несреќа во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабричка несреќа во Кавадарци
Vero

Вчерашниот работен ден во Кавадарци заврши со опасен инцидент, откако несреќа на работно место остави сериозно повреден 34-годишен маж од селото Ваташа.

Според официјални информации од СВР Велес, станува збор за лице со иницијали А.М., кое по несреќата итно било пренесено во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Несреќата се случила во текот на извршување на редовни работни обврски во една од поголемите индустриски капацитети во градот. По добиената пријава, надлежните служби веднаш излегле на терен, при што била спроведена увидна постапка во фабриката.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран