УТРО.мк

Полицијата заплени два килограми дрога во Валандовско, четворица приведени

Полицијата заплени два килограми дрога во Валандовско, четворица приведени
Vero

Валандовско вчера вечерта беше во фокусот на голема полициска акција, при што во рацете на истражителите завршија околу два килограми дрога. Четворица лица се лишени од слобода, а случајот го презема Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Според информации од МВР, околу 21:30 часот полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес во домот на 22-годишниот С.Ј. и 29-годишниот Г.Т., двајцата од село Пирава. При влегувањето, полицијата ги затекнала додека вршеле мерење на марихуана. Биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и предмети со остатоци од дрога.

Следејќи ги доказите, полицијата извршила претрес и во домот на Г.Т., каде повторно се пронашле пакувања со марихуана и други остатоци од дрога. Дополнително, постојат основи за сомнение дека во овој случај се вмешани и 47-годишниот К.М. и 23-годишниот Б.М. од село Јосифово. Со судска наредба биле извршени претреси и во домот на двете лица, како и во деловен објект користен од К.М., каде биле запленети различни пакувања со марихуана и хашиш.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран