
Системот „Safe City“ доби зелено светло од македонското Собрание. Денеска пратениците го изгласаа новиот Закон за прекршоци, кој отвора пат за воведување на високотехнолошкиот систем за следење и санкционирање на сообраќајни прекршоци.
За законот се изјаснија 81 пратеник, додека 19 беа против. Изненадувачки, партиите ДУИ и СДСМ го одбија предложеното решение, додека останатите политички сили дадоа поддршка и го одобрија законот по скратена постапка.



























