УТРО.мк

„Македонска пошта“: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран

„Македонска пошта“: Обезбедена е плата за сите вработени, штрајкот е политички мотивиран
Vero

„Македонска пошта“ го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени.

Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се манипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – порачуваат од „Македонска пошта“.

Би сакале да потенцираме дека Синдикатот е навремено информиран, уште еднаш потенцираме – навремено информиран – дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. Но во разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на „Македонска пошта“ – информираат од претпријатието.

Од таму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги наминуваме сите проблеми што настануваат во тековното работење“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран