УТРО.мк

Николоски: Македонија ќе биде прва во регионот со целосна мрежа на полначи за електрични возила

Николоски: Македонија ќе биде прва во регионот со целосна мрежа на полначи за електрични возила
Vero

Македонија е на пат да стане првата земја во регионот со целосно покривање на својата територија со полначи за електрични возила, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во интервју за ТВ Њузмакс Балкан.

„Тука сме пионери. Заедно со Европската банка за обнова и развој работиме на избор на консултант кој ќе изработи студија, по што ќе следи реализација. Идејата е на почетокот од вториот мандат на оваа влада, Македонија да биде Е-мобилна држава, каде што на секои 10 километри ќе има достапен полнач за електрични возила“, истакна Николоски.

Тој додаде дека ова е значаен чекор кон олеснување на користењето на електрични возила и намалување на грижата кај возачите околу достапноста на полначи.

Во контекст на борбата против аерозагадувањето, Николоски најави и набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат распределени во Скопје, а 40 во општините низ земјата. Според него, првичниот тендер бил поништен бидејќи понудениот оператор не ги исполнувал стандардите.

„Не отстапуваме од еколошките критериуми. Лесно е да се купат дизел автобуси, но нашата цел е набавка на електрични автобуси кои ги задоволуваат сите еколошки и технички стандарди“, рече Николоски, најавувајќи дека наскоро ќе има повеќе детали за новиот тендер.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран