УТРО.мк

Во ТС Дуброво пристигна новиот 400/110 kV трансформатор – МЕПСО вложува во енергетска стабилност

Во ТС Дуброво пристигна новиот 400/110 kV трансформатор – МЕПСО вложува во енергетска стабилност
Vero

Новиот 400/110 kV трансформатор пристигна во трансформаторската станица Дуброво, обележувајќи значаен чекор во модернизацијата и стабилизацијата на електроенергетската мрежа во државата. Со оваа инвестиција, АД МЕПСО продолжува со реализација на капитални проекти кои директно влијаат врз сигурноста, доверливоста и капацитетот на преносниот систем.

Овој современ трансформатор ќе обезбеди подобрување на напонските прилики, зголемена стабилност на мрежата, поддршка за интеграција на обновливи извори на енергија, како и поквалитетно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

Инсталирањето на трансформаторот ќе започне во наредните денови, по што тој ќе биде вклучен во системот како една од клучните алки во обезбедувањето на сигурна енергетска иднина.

Оваа активност е дел од поширока стратегија на МЕПСО за зајакнување на електроенергетската инфраструктура, што претставува предуслов за економски развој, привлекување нови инвестиции и подобрување на животниот стандард.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран