УТРО.мк

Гувернерот Славески најавува нови мерки за поевтини и подостапни банкарски услуги

Гувернерот Славески најавува нови мерки за поевтини и подостапни банкарски услуги
Vero

Во насока на подобрување на финансиската инклузија и олеснување на пристапот до банкарски услуги за сите граѓани, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави дека се работи на нови решенија кои ќе придонесат за намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на финансиските производи.

Во објава на платформата X, Славески истакна дека поевтините банкарски услуги се директно поврзани со економскиот раст и социјалната еднаквост. „Финансиската инклузија не е крајна цел, туку средство за поотпорна и подинамична економија“, напиша тој.

Според најновите податоци на Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува банкарска сметка – највисока стапка во регионот на Западен Балкан. Сепак, гувернерот укажува дека има уште простор за напредок, особено кај ранливите групи, и тоа преку подобра достапност, разбирливост и прифатливост на финансиските услуги.

Најавените мерки ќе се однесуваат на зголемена транспарентност, олеснување на пристапот до основни банкарски сметки и стимулации за иновации во дигиталното банкарство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран