УТРО.мк

Интензивни градежни активности на автопатот Кичево–Охрид, завршување планирано до 2026

Интензивни градежни активности на автопатот Кичево–Охрид, завршување планирано до 2026
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски во петокот и саботата извршија вонреден надзор над градежните активности на автопатот Кичево–Охрид, каде што, според нивната оценка, работите се одвиваат со засилен интензитет.

Надзорот беше направен на повеќе позиции долж трасата каде што во моментов се работи согласно новиот динамички план. Констатирано е дека се решаваат и клучните наследени проблеми, како што се експропријацијата, дислокацијата на инсталации и стабилизирањето на косини, и тоа во рамки на предвидената динамика.

Работите се интензивирани по целата траса, со цел делницата од Врбјани до Охрид да биде отворена за сообраќај до почетокот на туристичката сезона, освен краток прекин кај селото Ботун, каде што се врши санација на свлечиште.

Министерот Николоски најави дека целокупниот автопат ќе биде завршен и пуштен во употреба до крајот на 2026 година, со што овој долгогодишен капитален проект ќе стане реалност.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран