УТРО.мк

Воен пекол на Блискиот Исток: Израел и Иран во директен судир, десетици мртви, светот на раб на конфликт од глобални размери

Воен пекол на Блискиот Исток: Израел и Иран во директен судир, десетици мртви, светот на раб на конфликт од глобални размери
Vero

Иран ноќеска започна нов жесток ракетен напад врз Израел, откако израелската армија претходно официјално потврди удари врз иранска нуклеарна инфраструктура. Според податоците од израелските служби за итна помош, најмалку 14 лица загинаа, а над 100 се повредени.

Иранското Министерство за нафта потврди дека е погодено нафтеното складиште Шахран во Техеран – најголемото од ваков тип во светот. По ударите, Техеран се соочува со паника – граѓаните масовно бегаат од градот.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека „ако Израел не се повлече, следниот одговор ќе биде уште посилен“. Според официјалните ирански податоци, во израелските напади во Иран загинале 224 лица, меѓу кои и шефот на разузнавачката служба на ИРГЦ.

Истовремено, Израел тврди дека успешно пресретнал ирански проектили дури и надвор од атмосферата, додека Хаифа, според Техеран, е директно погодена од ракетите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави:

„Ги изненадивме Иранците. Сега ние одлучуваме што следува.“

САД ги откажаа планираните нуклеарни преговори со Иран, а пораката од поранешниот претседател Доналд Трамп е јасна: „Ако американски бази бидат нападнати, одговорот ќе биде нешто невидено досега.“ Трамп откри дека бил контактиран од рускиот претседател Владимир Путин, кој понудил посредување.

Ситуацијата ескалира драматично, а светот со страв гледа во Блискиот Исток, каде што судирот меѓу Израел и Иран добива размери на војна што може да го вплете целиот регион – и пошироко.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран