УТРО.мк

Божиновска: Ветерот ќе ја движи Македонија – стартува изградбата на „Богданци 2“

Божиновска: Ветерот ќе ја движи Македонија – стартува изградбата на „Богданци 2“
Vero

На Меѓународниот ден на ветерот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја најави новата фаза од развојот на ветерната енергија во земјава – почеток на изградбата на ветерниот парк „Богданци 2“.

„Македонија е дел од глобалната транзиција кон чиста енергија. Во Богданци ветерот веќе произведува струја за илјадници домаќинства, а сега продолжуваме со изградба на ‘Богданци 2’“, истакна Божиновска.

Новата инвестиција вклучува четири современи турбини кои ќе бидат инсталирани во соработка со „Siemens Gamesa“, со финансиска поддршка од KfW Развојната банка и Европската Унија.

Министерката потенцира дека проектот не значи само зголемување на домашното производство на струја, туку и намалување на увозот, намалување на загадувањето и поголема енергетска сигурност.

„Ветерот може да ја движи Македонија напред – со одржлива енергија, без загадување, без отпад и без исцрпување на природните ресурси“, порача Божиновска.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран