УТРО.мк

Убиен шефот на иранската разузнавачка служба во израелски напад, бројот на жртви порасна на 224

Убиен шефот на иранската разузнавачка служба во израелски напад, бројот на жртви порасна на 224
Vero

Во израелски воздушни напади денеска бил убиен шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Каземи, објавија повеќе светски медиуми повикувајќи се на иранската новинска агенција Тасним. Заедно со него, во нападите загинале и неговиот заменик Хасан Мохакек, како и висок командант во гарда, Мохсен Бакери.

Во интервју емитувано претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“ изјави:

„Можам да ви кажам дека ги елиминиравме нивниот главен разузнавач и неговиот заменик во Техеран.“

Истовремено, иранското Министерство за здравство соопшти дека бројот на жртви во земјата драстично се зголемил и сега изнесува 224, што е речиси сто повеќе од претходно потврдените 128 жртви. Ова е најтешкиот удар врз ИРГЦ во последните години и може да предизвика ескалација на веќе затегнатите односи меѓу двете држави.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран