УТРО.мк

Димовски најавува рекордни странски инвестиции во Македонија: Над 1,2 милијарди евра и 3.300 нови работни места

Димовски најавува рекордни странски инвестиции во Македонија: Над 1,2 милијарди евра и 3.300 нови работни места
Vero

Четири мултинационални компании донесоа интерна одлука за инвестиции во Северна Македонија, со вкупна вредност над 150 милиони евра, што ќе овозможи отворање на околу 1.300 нови работни места, соопшти директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Гоце Димовски.

На заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, Димовски истакна дека 2024 година завршила со рекордно високо ниво на странски директни инвестиции, што е јасен показател за стабилноста и континуитетот во привлекувањето на инвеститори.

„Само во последниот квартал од 2024 година имавме прилив од 400 милиони евра странски инвестиции, со што календарската 2024 година ја затворивме со историски рекорд од 1,25 милијарди евра странски директни инвестиции во независна Македонија“, рече Димовски.

Од јули 2024 година до јуни 2025 година, според податоците на Дирекцијата, се очекуваат инвестиции од над 1,2 милијарди евра, со што Северна Македонија се позиционира значително подобро во однос на претходните години.

Димовски посочи дека во технолошко-развојните зони веќе се реализирани инвестиции од над 190 милиони евра кои креираат 2.000 нови работни места, а дополнително се договорени проекти вредни над 90 милиони евра што ќе обезбедат уште 900 работни позиции.

Според анализа на Дирекцијата, нема значително намалување во бројот на вработени, ниту во нето платите, извозот и увозот во развојните зони, што укажува на стабилен економски раст и одржлив развој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран