Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го посети Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Битола, каде што испрати силна порака за поддршка и целосна инклузија на овие лица во сите сфери на општеството.

„Овие луѓе не бараат милост, туку прифаќање, разбирање и можности. Во секој разговор, секој поглед, секоја насмевка – се чувствуваше што значи вистинска инклузија,“ истакна Коњановски.

Тој ја пофали работата на ПОРАКА како пример за посветеност во борбата за еднаквост, каде секој човек, без разлика на попреченоста, е слушнат, вреднуван и третиран како рамноправен член на општеството.
„Ќе останам гласен и активен во поддршката за целосна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во училиштата, спортот и културата. Вистински човек е оној што се бори за сите“, додаде градоначалникот.
Коњановски порача дека оваа борба не е само нивна, туку и обврска на секој поединец, институција и заедница која се стреми кон праведно и хумано општество.