УТРО.мк

Радев ја критикува владата: Не се бори доволно за националните интереси во однос на Македонија

Радев ја критикува владата: Не се бори доволно за националните интереси во однос на Македонија
Vero

Бугарскиот претседател Румен Радев го критикуваше актуелниот владин пристап кон националните интереси, истакнувајќи дека за разлика од него, владата не ја штити доволно позицијата на Бугарија во однос на Македонија.

„Во времето кога ја претставував Бугарија на Европскиот Совет и за време на привремените влади, не можеше ниту да се помисли на таков став кон нашата земја. Не само што не дозволивме легитимирање на македонизмот преку започнување преговори за членство во ЕУ, туку за прв пат го покренав прашањето пред нашите партнери дека таа земја има Бугари и тие имаат права“, рече Радев.

Тој додаде дека денешната ситуација ја става под знак прашалник свесноста на владата за националните интереси и начинот на нивна одбрана. „За мене е загрижувачки што бугарските политичари и партии не можат да го наметнат нашиот национален интерес и визија во своите политички семејства“, порача Радев.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран