УТРО.мк

Меџити од Струга: Почнува првата фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа, 1.5 милиони евра за поздрав живот

Меџити од Струга: Почнува првата фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа, 1.5 милиони евра за поздрав живот
Vero

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, од Струга соопшти дека започнува првата фаза од реконструкцијата и замената на водоводната мрежа со нови цевки, со отстранување на постоечката инфраструктура од цемент и азбест, материјал познат по својата штетност по здравјето.

„Денес сум во Струга за една многу добра цел. Го започнуваме првиот чекор на реконструкција и замена на водоводната мрежа од цемент и азбест. Имајќи предвид дека азбестот е канцероген, сметам дека ова е директен придонес за подобро здравје“, изјави Меџити.

Проектот, со вредност од 90 милиони денари или околу 1.5 милиони евра, ќе трае 12 месеци и ќе опфати главната улица и вкупно 13 краци, со вкупна должина од 6.2 километри.

Според Меџити, оваа инвестиција значително ќе ги подобри хигиенските услови во градот, ќе го елиминира ризикот од ослободување на азбестни влакна и ќе ја зајакне заштитата на јавното здравје.

„Овој проект е од исклучително значење за обезбедување чиста и безбедна вода за граѓаните на Струга и за подобрување на целокупната инфраструктура на водоводниот систем во општината“, нагласи тој.

Заменик-претседателот додаде дека со замената на старите и потенцијално опасни цевки со современи материјали, не само што ќе се намали ризикот од загадување, туку ќе се зголеми и капацитетот и ефикасноста на системот за водоснабдување во Струга.

„Го продолжуваме ангажманот и посветеноста кон создавање на поодржлива и поздравa животна средина за сите жители на Струга“, заврши Меџити.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран