Вчера вечер, на подрачјето на Шуто Оризари, се случи групна тепачка во која беше нарушен јавниот ред и мир, соопшти скопската полиција. Во инцидентот беа вмешани пет лица, меѓу кои и малолетник.
– На 26.06.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари се случила физичка пресметка помеѓу Е.С.(31) и М.С.(26) од една страна и Д.Ј.(20), М.Ј.(36) и малолетник од друга страна, сите од Скопје – стои во полицискиот билтен.
Полицијата ја документира целата ситуација и најави дека ќе следува соодветен поднесок по завршување на истрагата.