УТРО.мк

Муцунски: Зголемувањето на трошоците за НАТО гарантира стабилност и поддршка за индустријата

Муцунски: Зголемувањето на трошоците за НАТО гарантира стабилност и поддршка за индустријата
Vero

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го образложи прифаќањето на одлуката за зголемување на трошоците за НАТО на 5% од бруто домашниот производ до 2035 година, која беше донесена на самитот во Хаг. Според него, ова не е само обврска за сегашната влада, туку генерациска мерка што ќе обезбеди стабилност и ќе спречи кризно трошење во евентуален конфликт.

– Тие 5% се за никогаш да не мора да потрошиме 40%. Ова е историска одлука за стабилност во НАТО-чадорот, во кој припаѓаме – рече Муцунски.

Тој посочи дека покрај зголемувањето на буџетските издатоци, ќе бидат инвестирани средства во клучни индустриски и инфраструктурни проекти како Коридорите 8 и 10, како и во сајбербезбедноста, која стана критична поради чести кибернапади.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ги презентираше резултатите од првата година од новиот состав, вклучувајќи рекордни странски и капитални инвестиции и најави дека четири мултинационални компании ќе инвестираат повеќе од 150 милиони евра во индустриските зони во земјата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран