УТРО.мк

150 нови работни места и 36 милиони евра инвестиција во фабрика за батерии во Штип

150 нови работни места и 36 милиони евра инвестиција во фабрика за батерии во Штип
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од есен ќе биде поставен камен темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип. Станува збор за фабрика за батерии која ќе вработи до 150 лица и ќе инвестира околу 36 милиони евра, средства кои се обезбедени од Европската Унија.

Мицкоски информира дека во разговор со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е потврдено дека фабриката во рок од три години ќе има извоз вреден 300 милиони евра, што значително ќе влијае на БДП на земјата.

Договорот со инвеститорот е во фаза на потпишување, а камен темелник се очекува да биде поставен оваа есен.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран