УТРО.мк

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ИДНАТА ГОДИНА ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 700 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРООБРВЗНИЦАТА НА МИНАТАТА ВЛАДА

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ИДНАТА ГОДИНА ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 700 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕВРООБРВЗНИЦАТА НА МИНАТАТА ВЛАДА
Vero

Следната година доспеваат за враќање 700 милиони евра еврообврзница, оваа година ни доспеаа 500 милиони евра. Тоа се обврзници коишто ги издаде претходната Влада. Понатаму ни доспеваат 500 милиони евра повторно, па 700 милиони евра. Буквално во четири години ние имаме еднаш годишно да вратиме еврообврзица која ја издала претходната Влада – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во денешното интервју.

Поради неповолноста на пазарите на капитал и тоа што каматните стапки биле многу високи за Македонија, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски успеа да договори и да се обезбеди кредит којшто е со многу пониска каматна стапка отколку онаа што би ја добиле доколку би издале еврообврзница. Министерката за финансии се заблагодари за тоа што Владата на Унгарија ни излезе во пресрет во еден тежок период и откри дека на девизната сметка при преземањето на власта имало само 47 милиони евра иако претстоело плаќање на обврска на ЈПДПво сличен износ.

„Успеавме да обезбедиме средства под многу поволни услови. Со тие средства ја покривме односно ја финансиравме еврообврзницата којашто беше издадена во 2018 година. Следната година издавањето на еврообврзница во најголем дел ќе биде за финансирање на тие 700 милиони евра кој некој во минатото ги земаше, односно претходната Влада.“ потенцира Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии во своето интервју истакна дека во периодот на минатото владеење на ВМРО – ДПМНЕ во период од 10 години имало помало задолжување отколку во периодот кога СДСМ биле на власт во седум години. Дополнително покрај драстично повисокиот износ на задолжување, со еврообврзниците издадени во период на СДСМ не биле финансирани капитални проекти кои би допринеле за повисок економски раст.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран