УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: Е-фактурата носи ред, ефикасност и заштеда на народни пари

Димитриеска – Кочоска: Е-фактурата носи ред, ефикасност и заштеда на народни пари
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска најави дека државата воведува електронски систем за фактурирање – е-Фактура, кој, како што рече, ќе стави крај на фантом фирмите и ќе спречи испумпување на стотици милиони евра од Буџетот.

„Ова е крај за фантом фирмите и за сите оние кои со години наназад преку фиктивни зделки испумпуваа народни пари од државата. Е-фактурата ќе внесе ред, отчетност и модернизација во системот“, изјави министерката.

Новата платформа ќе значи бројни придобивки за компаниите: намалување на бирократијата, пониски трошоци, поголема ефикасност и сигурност, како и подобар увид во деловниот промет и даночните обврски.

Од аспект на државата, е-Фактурата ќе овозможи подобра и пофер наплата на даноците, поуспешна борба против сивата економија и значително олеснување на административниот товар – како за институциите, така и за граѓаните.

Со оваа дигитална трансформација, Министерството за финансии прави клучен чекор кон поголема транспарентност, фискална дисциплина и стабилност на јавните финансии.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран